• Саше Љолес

Евентуалното враќање на Аргентинецот Лионел Меси во Барселона доби нова димензија откако вчера на меч во Кралската лига неговото има го скандираа повеќе од 90 илјади навивачи.
Цел „Ноу Камп“ го пееше името на Лионел Меси и јавно ѝ порачаа на управата на Барса да направи сè што може за да го врати „малиот генијалец“ во своите редови.
“Messi, Messi” corea el Camp Nou @relevo pic.twitter.com/jTIdYra9sI
— Albert Rogé (@albert_roge) March 26, 2023
Ова е само уште една потврда за тоа колкава легенда е Меси во Барселона, а навивачите сакаат да уживаат во неговите мајстории уште барем неколку сезони. Претседателот Жоан Лапорта веќе неколку пати изјавуваше дека „вратите за Меси во Барса се секогаш отворени, но мора малку да се поправат односите“, а згора на тоа, Каталонците имаат и финансиски проблеми кои го отежнуваат евентуалниот трансфер на Аргентинецот од ПСЖ.
Барселона во моментов не смее да регистрира нови играчи, а исто така е и во центарот на вниманието со скандалот „Негреира“, па целата разврска се очекува да биде позната до крајот на актуелната сезона.
Доколку клубот успее да застане на „здрави нозе“ и ги реши сите проблеми, голема е веројатноста дека Меси би се вратил во Барселона, но за значително помала плата од онаа што ја добива во ПСЖ, а таа изнесува 40 милиони евра годишно.