„Камп Ноу“ го чека Агуеро, Барса нема право на нов кикс со Валенсија

Барса

Почеток на сезоната како од хорор филм и конечно неколку добри вести за Барселона. Во вистинско време, се чини, бидејќи четата на Роналд Куман ја чека дербито со Валенсија викендов, а победата во вака важен натпревар може да врати одредена самодоверба во таборот на каталонскиот тим.

И добри вести - насекаде. Под број еден, регионалните власти, за првпат од појавата на пандемијата на корона вирусот, дозволија стадионот „Камп Ноу“ да се отвори со полн капацитет. Со поддршката од трибините секако дека ќе биде полесно.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Примера >>>

Притоа, самиот тим треба да биде засилен. Ансу Фати е веќе целосно подготвен, а против Валенсија би можел да дебитира и Серхио Агуеро, но тешко дека ќе биде меѓу стартните единаесет. Осман Дембеле тренира, но прашање е дали ќе биде подготвен за неколку минути. Педри сигурно нема да игра, како и Роналд Араухо, додека големото прашање е дали Куман ќе го „жртвува“ и Ерик Гарсија, бидејќи тој поради картони нема да може да настапи на дуелот да се биде или не против Динамо Киев во Лигата на шампионите. Поради тоа можно е Куман да го воигрува стоперскиот тандем Жерар Пике - Клеман Ленгле.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Барселона - Валенсија >>>

Ниту Валенсија не е без причина за оптимизам, Хозе Луис Гаја, Карлос Солер и Денис Черишев заздравија од повредите и сите, по пауза од околу еден месец, би можеле да бидат стартери за дербито со Барса.

Валенсија на стадионот „Камп Ноу“ нема победа веќе пет години, но повеќе ги нема Лионел Меси или Луис Суарез да ги малтретираат „лилјаците“. Сепак, овде е тешко да се предвиди исходот, Барса е со целосно скршена самодоверба по поразот од Бенфика (0-3), па можеби е попаметно да се ограничиме на голови. Играта ГГ4 + помина на последните три соочувања на овие тимови на стадионот „Камп Ноу“. Видовме 15 гола на тие три натпревари. Дури и сега, одбраната не им е нивната силна страна.