Камјани ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига

Македонскиот второлигаш Камјани и официјално ги започна подготовките за новата сезона, откако го одржа првиот тренинг.

Екипата и во новата натпреварувачка година ќе ја предводи тренерот Бурхан Емурлаи, а во неговиот стручен штаб ќе бидат Беким Зибери и Сулејман Ибиши.

Раководството на клубот веќе работи на засилување на ростерот со цел да формираат поконкурентен тим за претстојниот шампионат, додека целиот подготвителен период, заедно со контролните натпревари, ќе биде реализиран на стадионот во Камјани.