ВИДЕО: Камерун магично се врати од 0-3 и ја освои бронзата на АКН

Фудбалската репрезентација на Камерун по голема драма го доби „малото финале“ со Буркина Фасо. Иако губеше со 0-3, домаќинот на Африканскиот Куп на Нации (АКН) дојде до изедначување, а потоа по изведување на пеналите ја грабна бронзата (3-3 регуларен дел, 3-5 пенали). За Камерунците, кои беа домаќини на овој настан, ова е втора бронза на АКН во историјата по онаа во 1972, исто така на домашен терен.

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот подобро го отвори Буркина Фасо. Тимот за кој мечот за третото место беше голем успех во 24. минута дојде до предност преку Јаго, а потоа, Онана си постигна автогол и резултатот веќе гласеше 2-0. По паузата, Утара го шокира Камерун третпат и донесе предност од три гола за Буркина Фасо, но и покрај тоа, мечот не беше готов...

Селекторот на Камерун во игра ги внесе Абубакар и Тото Екамби кои стартуваа на клупата. Оттогаш настана промената. Прво, во 71. минута Бахокен намали на 3-1, па најдобриот стрелец Абубакар стапи на сцена и со два гола донесе 3-3. Еден од нив беше во самиот финиш, кога се повреди голманот Уедраого, но голот беше признат по прегледување на ВАР.

По крајот на регуларните 90 минути следеа пеналите. Серијата беше сигурна до третото изведување, кога Буркина Фасо промаши пенал. Онана му го прочита шутот на Туре. Тоа промашување воедно беше единствено во серијата и на крајот се покажа како кобно.