• Зоран Мишевски

Драматично и не така ефикасно беше викендов на терените во женскиот фудбалски шампионат на Македонија. Каменица Саса го доби дербито во Струмица и стави крај на серијата од два порази во низа, откако „рударките“ со минимални 0-1 ја добија Тиверија Брера, а стрелец на единствениот победнички гол беше Христина Јовановска, која погоди во 34. минута од средбата.
Со овој триумф од 11. коло на Првата женска фудбалска лига Камениац Саса останува на петтото место, но сега со 19 бодови и чекор поблиску топ три зоната. Ас Јунајтед победи против Вардар со 1-2 среде Скопје и практично, стружанки ги поминаа „црвено-црните“ на првенствата табела. ЖФК Пелистер без проблеми стигна до убедлива победа над Речица во гости во меч каде битолчанки броеја до шест гола за конечни 0-6.
Лидерот Љуботен и шампионот Скопје играат денес, а Истатов на домашен терен го пречекува „фенерџијата“ Кочани.