• Иван Димовски

Каменица Саса продолжи да се екипира за новата сезона во која ќе се натпреварува во единствената Втора македонска фудбалска лига. Бидејќи конкуренцијата се зголемува, клубовите посериозно работат на засилување на своите екипи.
Нов член на каменичани е Бошко Ступиќ. Српскиот ветеран со огромно искуство пристигна во таборот на Саса и ќе тресе мрежи за овој клуб. Во изминатите неколку години Ступиќ настапуваше за екипата на Пехчево во ВМФЛ.
Претходно, во својата богата кариера играше за клубови од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Казахстан. Покрај тоа, во Македонија беше дел од екипите на Силекс, Вардар, Работнички, Брегалница и Пелистер.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.