Каменица Саса потпиша со Алмир Цаколи од Шкендија Арачиново

Второлигашот Каменица Саса го заврши зимскиот преоден рок со доведување на 22-годишниот фудбалер Алмир Цаколи.

Овој фудбалер своите први фудбалски чекори ги направил во Шкупи, а во досегашната кариера настапувал и за Арсими и Шкендија Арачиново, каде стекнал значајно искуство на домашната сцена. Во Каменица Саса очекуваат тој да биде значајно засилување во продолжението од сезоната и да придонесе во исполнувањето на клупските амбиции.

Пролетниот дел на Втората лига почнува на 21 февруари, а Каменица Саса во првото коло гостува кај Осогово во Кочани.