• Горан Упале

Фудбалскиот клуб Каменица Саса продолжува со засилувањата за следната сезона, откако денес го потврди третото ново име ова лето.
Нов член на „рударите“ е Дарко Дигаловски кој во минтатата сезона ги бранеше боите на Плачковица.
Дигаловски зад себе има долгогодишно искуство во мак-фудбалот кое го стекна играјќи за Meталург, Еуромилк, Брегалница, Тиквеш и Плачковица, па сигурно ќе биде од големо значење во плановите на новиот стратег Горан Здравков. Претходно во Саса Каменица се преселија голманот Благојче Иванов и Дејан Маркоски.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.