• Саше Љолес

Македонскиот второлигаш Каменица Саса ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде главна цел ќе биде опстанок и задржување на екипата во оваа конкуренција.
Каменица Саса се наоѓа во бараж-зоната по завршувањето на првиот дел од сезоната, со вкупно 17 бодови на своето конто. Управата преговара со играчи кои би можеле да го засилат ростерот, а новите имиња се очекуваат во деновите што следат.
Екипата ќе одигра најмалку три пријателски натпревари, а веќе се потврдени „контролки“ со тимовите на Тетекс и штипска Брегалница. Прв противник на Каменица Саса во продолжението од сезоната ќе биде Осогово. Овој натпревар ќе се одигра на 21 февруари.
