• Редакција Gol.mk

Дел од второлигашите неделава ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Каменица Саса денес ги стартува зимските подготовки со првата прозивка на „Градскиот стадион“ во Македонска Каменица.
Клубот ќе има неколку промени во ростерот, а предвидени се и неколку засилувања. Договорени се пријателски натпревари со Тетекс и штипска Брегалница. Се очекува да биде договорена уште една пријателска средба за проверка на формата.
Саса е во бараж зоната и ќе се обиде да избори опстанок во пролетниот дел.
