Камавинга добива нов договор и откупна клаузула од една милијарда!

Можеби е релативно мирен во доведување на засилувања и до овој момент големо име е само Џуд Белингем, но Реал Мадрид работи на својата иднина и ги продолжи договорите со сите млади фудбалери. 

„Бисерот“ од средниот ред Едуардо Камавинга ќе потпише нов долгорочен договор со Реал Мадрид. 20-годишниот француски играч за врска се согласил да го продолжи престојот на „Сантијаго Бернабеу“. Според новиот договор, платата на играчот од средниот ред значително ќе се зголеми, а отштетната клаузула ќе изнесува една милијарда евра. Со тоа „кралевите“ сакаат да ги заштитат своите фудбалери од понудите кои доаѓаат од Саудиска Арабија.

Едуардо Камавинга во Реал Мадрид дојде од Рен во 2021 година, кога „кралевите“ за него платија 40 милиони евра. Французинот минатата сезона запиша 37 настапи и забележа една асистенција.