Калкулации за бараж: Академија Пандев си ја држи судбината во раце!

Со поразот на Вардар кај Струга Трим Љум завршија сите дилеми кој ќе биде вториот тим кој директно ќе испадне од ПМФЛ по крајот на сезоната. Актуелниот шампион Вардар заминува во второлигашки ранг со струмичка Беласица, а во последното коло три екипи ќе се борат за избегнување на баражот - Академија Пандев, Ренова и Силекс. 

Академија Пандев се наоѓа во најповолна ситуација и си ја држи судбината во своите раце кога се говори за баражот. Ако струмичани, кои се наоѓаат на безбедното место, останат непоразени против Борец на домашен терен, тогаш работата е завршена затоа што при ист број на бодови се гледаат резултатите од меѓусебните пресметки.

Разликата со деветтиот Силекс во моментов е два бода, но со еден освоен бод на домашно тло во последното коло избраниците на Васоски се сигурни затоа што имаат подобар меѓусебен дуел и две победи во трите пресметки со кратовчани, а разликата за Ренова тогаш ќе е недостижна. 

Во продолжение, погледнете ја актуелната состојба и сите сценарија во последното коло.

  • АКТУЕЛНА ТАБЕЛА И ДВОЈКИ ВО ПОСЛЕДНО КОЛО:

8. Академија Пандев 38 бода
9. Силекс 36 бода
10. Ренова 35 бода

Академија Пандев - Борец
Ренова - Работнички
Силекс - Струга Трим Љум

Како Академија Пандев може да падне во баражот

1. Пораз од Борец
2. Победа на Ренова/Силекс

Како Силекс може да го избегне баражот

1. Победа над Струга Трим Љум
2. Пораз на Академија Пандев

Како Ренова може да го избегне баражот

1. Победа над Работнички
2. Пораз/реми на Силекс
3. Пораз на Академија Пандев

Меѓусебни пресметки (во случај на ист број на бодови):

Силекс - Академија Пандев 3-2
Силекс - Академија Пандев 1-2
Академија Пандев - Силекс 1-0

*Подобра е Академија Пандев (2-1)

Академија Пандев - Ренова 1-1
Академија Пандев - Ренова 0-1
Ренова - Академија Пандев 2-0

*Подобра е Ренова (2-1)