• Саше Љолес

Екипата на Каљари направи пресврт во второто полувреме и на крајот стигна до убедлив триумф над Лече со конечни 4-1 (0-1) во 21. коло од италијанската Серија А.
Домашниот тим на паузата имаше негатива по голот на Сантиаго Пиероти, но во вториот дел Лече остана со играч помалку, а потоа следуваше и целосниот распад во играта. Гаетано и Луперто го донесоа водството за Каљари, а во победата ја потврдија Зортеа и Оберт.
- Каљари - Лече 4-1:
Каљари сега има 21 бод и се искачи на тринаесеттата позиција, додека Лече со бод помалку се наоѓа на шеснаесеттото место на табелата.
Парма и Венеција ги поделија бодовите во ремито со конечен резултат 1-1. Гостите поведоа во првото полувреме со голот на Финецот Похјанпало, а израмнувањето пристигна во 56. минута, кога Бразилецот Хернани прецизно изведе удар од белата точка.
- Парма - Венеција 1-1:
Венеција има 15 бода и останува претпоследна на табелата, а Парма има пет бода повеќе, кои ја сместуваат на петнаесеттата позиција.