ВИДЕО: Каљари со двајца играчи помалку немоќен во Рим, Лацио врза три победи во Серија А

Фудбалерите на Лацио ја продолжуваат позитивната серија во домашниот шампионат и на затворањето на денешната програма од 11. коло во Серија А со минимални 2-1 го совладаа составот на Каљари. 

  • Извештај од натпреварот:

„Небесно-сините“ важеа за големи фаворити на оваа средба, но до посакуваните три бода стигнаа потешко од очекуваното. Треба да се напомене дека гостинот последните петнаесет минути ги играше со двајца играчи помалку, што значително му ја олесна работата на домашниот тим позитивно да си ја заврши задачата. 

Головите за Лацио ги постигнаа Диа и Закањи, додека за Каљари во листата на стрелците се запиша Зито. Веднаш по погодокот на Закањи за 2-1, Јери Мина поради неспортски старт доби втор жолт картон, а по него во соблекувалната се упати и Адопо, поради приговор. 

Со денешните три бода лацијалите го поминаа Јувентус на табелата и сега се на шестата позиција, додека Каљари остана на 16. место со само девет освоени бода.

Состави

Marco Baroni

4-2-3-1

    Давиде Никола

    4-4-2