Каљари се раздели со Зенга: Имав невозможна мисија, но дали требаше да...

На само еден ден пред крајот на сезоната во Серија А, екипата на Каљари и официјално остана без предводник, откако искусниот Валтер Зенга ја раскина соработката со клубот од Сардинија. 

Каљари не ја оствари зацртаната цел која ја имаше на стартот од сезоната, а Зенга кормилото на тимот го презеде на почетокот на март и на 13 натпревари запиша само три победи. 

„Уште пред натпреварот со Милан знаев дека нема повеќе да бидам тренер на Каљари. Секој претседател има право да си одлучи кој ќе биде тренер на екипата, тоа е нормално во оваа игра. Знам дека можев да направам многу повеќе со тимот, но прашање е дали требаше да ја прифатам оваа работа во март. Во договорот имав клаузула да стигнам до седмата позиција на табелата, што беше скоро невозможно. Многу научив од ова искуство“, рече Зенга. 

Каљари, сезоната во Серија А најверојатно ќе ја заврши на 15. позиција на табелата, со дури 17 бода помалку од седмопласираниот Наполи

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.