Каљари и Динамо Загреб се договорија, Рог останува на „Максимир“

Марко Рог и во пролетната полусезона ќе игра за Динамо Загреб. Рог е под договор со италијанскиот Каљари, но беше во Динамо на едногодишна позајмица која истекуваше на почетокот на новата година.

Во меѓувреме, Динамо и Каљари се договорија за продолжување на позајмицата на дополнителни шест месеци, што значи дека Рог веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Фабио Канаваро на тренинзите во Турција и ќе го носи синиот дрес најмалку до летото 2025 година.

Рог првпат дојде во Динамо летото 2015 година од Сплит за пет милиони евра, што сè уште е рекорд на Динамо за влезен трансфер. Во својата кариера настапуваше и за Вараждин, Сплит, Наполи и Севиља.

За хрватската репрезентација забележа 21 настап.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.