Каљари го отпушти Ди Франческо и експресно пронајде негова замена

Тренерската клупа е нестабилна во Серија А, па уште еден тренер ја загуби својата работа по неуспех во редовното 23. коло. Каљари денес му врачи отказ на Еузебио Ди Франческо и експресно го назчани Леонардо Семпличи за негов наследник. 

Каљари пред три дена загуби од Торино со 0-1 и падна на 18.место на табелата. Иако пред два месеци, Ди Франческо го продолжи договорот до јуни 2023 година, отпуштен е од своето работно место.

На неговото место доаѓа Леонардо Семплучи, кој пред само 12 дена доби се раздели со второлигашот СПАЛ од Ферара, каде што работеше во изминатите шест годими.

Каљари и Семпличи договорија соработка до јуни 2022 година и новиот тренер ќе дебитира, викендов против Кротоне.