• Саше Љолес
Екипата на Каљари оствари значајна победа во 37. коло од италијанската Серија А, откако славеше со 0-2 (0-0) на гостувањето кај Сасуоло. Тимот на Клаудио Раниери на овој начин си го обезбеди опстанокот во елитата, а воедно го турна денешниот ривал поблизу до ранг подолу.
- Извештај од натпреварот:
Матео Прати и Џанлука Лападула беа хероите на гостинскиот состав, кои стрелаа прецизно во второто полувреме и донесоа исклучително важна победа со која Каљари сега има 36 бода, доволни за обезбедување на елитен статус за следната сезона.
Сасуоло останува на само 29 бодови и сега има само теоретски шанси за опстанок, но тоа ќе зависи и од резултатите на Емполи и Фросиноне, кои имаат и меч помалку.