Каљари е последниот тим од Италија против кој Роналдо не постигнал погодок

Роналдо

Денес се играат преостанатите шест меча од 18. коло во Серија А, а еден од нив ќе има голем предизвик за Кристијано Роналдо.

Неговиот Јувентус ќе се соочи со Каљари во обид да остане на врвот на табелата. За Португалецот оваа средба носи посебен мотив, од голгетерски аспект.

Откако се пресели во Италија, 34-годишникот реализирал против секоја екипа од италијанското првенство, освен на дуелите против тимот од „Сардења Арена“.

Можност да го прекине „проклетството“ и да слави уште еден уникатен рекорд ќе има денес, и тоа пред домашните гледачи во Торино.

„Старата дама“ има 42 бода и ја дели челната позиција со Интер, кој се очекува да има тешка задача на гостувањето кај Наполи, во дербито под Везуф.