ВИДЕО: Каљари е „лесен залак“, Јуве лесно до четвртфинале во Купот на Италија

Екипата на Јувентус барем за момент ја прекина тензичната атмосфера кај своите навивачи и славеше со убедливи 4-0 (1-0) над Каљари во осминафиналето од Купот на Италија. 

Избраниците на Тиаго Мота немаа проблеми со гостите од Сардинија, водеа со 1-0 во првото полувреме со голот на Душан Влаховиќ, а во вторите 45 минути во листата на стрелците се запишаа Теун Копмајнерс и Франциско Конеисао и Николас Гонзалез, кој ги постави конечните 4-0 во претпоследната минута од регуларното време. 

  • Извештај од натпреварот:

Јуве се избори за пласман меѓу осумте најдобри во најмасновното натпреварување на „чизмата“ и сега ќе се подготвува за калчо-гостување кај екипата на Монца. 

Состави

Тиаго Мота

4-4-2

    Давиде Никола

    5-4-1