• Горан Упале
Никола Калиниќ ги собра новинарите и одржа прес-конференција на која ја кажа својата страна за разрешувањето од функцијата спортски директор во Хајдук.
Тој упати сериозни обвинувања во насока на раководната структура, истакна дека претседателот Иван Билиќ веќе еден месец не разговара со Џенаро Гатузо, и најави дека доколку нема сериозни промени од клубот, ќе си замине и италијанскиот тренер.
„Тренерот долго време не разговара со претседателот, бидејќи не ги доби ветените четири засилувања.
Испадна дека јас сум „жртвеното јагне“, а „глувците се скриле во дупката“. Знам дека Гатузо не е задоволен. Допрва доаѓаат проблемите во Хајдук, а двајца фудбалери ќе го тужат клубот во ФИФА“, меѓу другото рече Калиниќ.
Хрватските медиуми шпекулираат дека раководството на клубот веќе ја пронајде замената за Калиниќ и наскоро ќе ѝ ја соопшти на јавноста.