Калери на отстапка во Сао Паоло, па од јуни во Интер

Аргентинскиот интернационалец, Џонатан Калери, ќе настапува за бразилскиот Сао Паоло во следните шест месеци, а на лето би требало да дојде во Интер. Фудбалерот кој го сочинуваше нападот на Бока Јунуиорс заедно со Карлитос Тевез, се одлучи да го прифати предизвикот и да настапува во Бразил.

Постигнат е договор со Интер, кој би требало на лето да смета на услугите на Калери. 

Се работи за 22-годишен фудбалер, кој во дресот на Бока Јуниорс постигна 16 гола на 41 одигран натпревар.