• Мартин Танасковски

Натпреварите од Купот на Македонија ќе се играат во новата година, затоа што календарот со актуелната ситуација не дозволува такво нешто.
На ред е четвртфиналната фаза во Купот, која требаше да се игра во месец ноември. Сепак, нема услови за такво нешто, причината е што има репрезентативна пауза, а исто така колата во Првата лига и Втората лига се поместени заради локалните избори.
Затоа, Купот ќе се игра во 2026 година, во месец февруари. Датумите од ФФМ ќе бидат дополнително одредени.
Во следната рунда се пет прволигаши и три второлигаши. Место во 1/8 финалето обезбедија Вардар, Работнички, Силекс, Струга, се чека на Шкендија или Тиквеш, а од второлигашите таму се Шкендија Арачиново, Детонит и ГФК Охрид.





