Калдерон пак „удри“ по Флорентино: Реал му помогна на Јуве да го елиминира Атлетико

Нетрпеливоста меѓу Флорентино Перез и неговиот претходниот Рамкон Калдерон видлива е во секое јавно излагање на поранешниот претседател на Реал Мадрид. Синоќа, по елиминацијата на Атлетико Мадрид, Калдерон на социјалната мрежа Твитер директно гообвини Перез за помошта која му даде на Јуве, продавајќи му го Роналдо за 117 милиони евра. 

„Јуве го победи и елиминира Атлетико благодарение на голот постигнат изминатово лето против Реал Мадрид. Тоа беше моментот кога добија подарок од Флорентино Перез,“, напиша Калдерон, алудирајќи на продажбата на Роналдо.

 Јувентус првпат во својата историја се врати и надополни 2-0 во еден европски двомеч.