• Иван Димовски

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас не е во плановите на тренерот Марко Розе во РБ Лајпциг и нема доволно простор за докажување.
Поради тоа нашиот фудбалер е во потрага по нова средина и се разгледуваат опции кои ќе им одговараат на сите засегнати страни. Од Италија доаѓа информација за интерес од еден калчолигаш за позајмица на Елмас за втората полусезона.
Станува збор за Торино, клуб кој побарал дозвола од Лајпциг за да го доведе Елмас на позајмица. Засега германскиот клуб не дал одговор на ова барање, иако македонскиот репрезентативец не игра премногу.
Сезонава Ељиф Елмас одигра само шест натпревари за Лајпциг и тоа вкупно 89 минути. Следеше и повреда која дополнително го оддалечи од терените. Трансфер назад во Италија може да биде одличен за Елмас да ја врати самодовербата и формата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.