• Горан Упале

Фудбалерите на Беса со многу мака забележаа нова победа во ВМФЛ, откако пред својата публика по пресврт го совладаа тимот на Скопје со 2-1, во рамките на 24. коло.
Скопјани подобро го започнаа натпреварот и поведоа со 0-1, но само што започна вториот дел Беса прво израмни на 1-1, а искусниот Емини од пенал во 80. минута ги постави конечните 2-1. Токму најстрогата казна која што ја доби Беса крена многу прашина на теренот, гостинските фудбалери сметаа дека не постоело никаков прекршок, тренерот Љупќо Марковски се крстеше, а натпреварот за момент беше во прекин поради влез на неофицијално лице на теренот.
- Спорниот момент од натпреварот:
Откако реагираше полицијата и ја отстрани личноста од теренот, натпреварот продолжи и Емини со сигурна реализација донесе голема победа на Беса.