• Саше Љолес

Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да ги „мелат“ ривалите во Премиер лигата и немаа никакви проблеми во натпреварот проти Ипсвич Таун (4-1) во 23. коло.
- Ливерпул - Ипсвич 4-1:
„Црвените“ го најавија триумфот уште во првото полувреме со головите на Собослаи, Салах и Коди Гакпо, кој стрелаше уште еднаш во вторите 45 минути. Тимот на Арне Слот имаше извонредна реализација и успеа да постигне четири гола од вкупно шест обиди во рамките на голот, додека ривалот беше во подредена улога и имаше само 26 проценти посед на топката, но успеа да постигне почесен погодок преку Џејкоб Гривс.
За Ливерпул ова е шеснаесетта сезонска победа со која стигна до 53 бода, шест повеќе од второпласираниот Арсенал, кој славеше со минимални 0-1 кај Вулверхемптон. Човек на одлука на мечот кој беше доста тежок за „топџиите“ затоа што во поголемиот дел од средбата играа со играч помалку беше дефанзивецот Рикардо Калафиори, кој го даде голот на одлука во дуелот со „волците“.
- Вулверхемптон - Арсенал 0-1:
На останатите натпревари во истиот термин, Борнмут беше убедлив и со огромни 5-0 го надигра Нотингем Форест, Њукасл го совлада Саутемптон со конечни 1-3, додека Евертон се избори за гостински триумф кај Брајтон со минимални 0-1.
- Борнмут - Нотингем Фоерст 5-0:
- Саутемптон - Њукасл 1-1:
- Брајтон - Евертон 0-1:
Попладнево се игра дербито меѓу Манчестер Сити и Челзи.