• Саше Љолес
Актуелниот англиски шампион, Арсенал, го отвори резултатот во Комјунити Шилд, и тоа уште во првата минута од натпреварот.
Одбраната на Манчестер Сити уште не беше „целосно поставена“, кога Рикардо Калафиори доби супер топка од Мајлс Луис-Скели, а италијанскиот дефанзивец немаше проблеми да го совлада Донарума. Голот беше постигнат во 23. секунда од мечот.
„Топчиите“ добија огромен мотив за остатокот од мечот, додека нивните навивачи еруптираа на легендарниот „Вембли“ во Лондон.



