ВИДЕО: Калабрија свртен со грб и во воздух – имаше ли пенал за Јуве на дербито?

Фудбалерите на Милан испуштија шанса конечно да го добијат Јувентус, откако Роналдо стрелаше во 91. минута за 1-1 од белата точка, во првиот полуфинален дуел од Купот на Италија.

Токму ситуацијата која му претходеше на досудениот пенал беше спорна и изрази големо негодување од домашните фанови. 

Роналдо атрактивно со „ножички“ биеше кон голот, а пред него Калабрија играше со рака. Но, тоа што е спорно беше дека Италијанецот беше во пад од скок, свртен со грб и на околу половина метар од Португалецот. 

  • Пеналот за Јувентус заради игра со рака на Калабрија:

За споредба, на минатогодишниот дуел од Серија А меѓу овие две екипи во Торино, Милан остана без најстрога казна, кога Сандро играше со рака. 

Ниту оваа сезона не изостанаа вакви моменти, кога не беа досудени пенали против „старата дама“ при игра со рака на Матијс Де Лихт во три различни натпревари.

Возвратниот натпревар се игра на четврти март на „Јувентус Алијанс стадиум“ во Торино.