Какво загревање за СП: Олисе со „хет-трик“ ѝ донесе триумф на Франција (ВИДЕО)

Фудбалерите Франција предводени од Мајкл Олисе победија со 3-1 против Северна Ирска на „генералката“ пред Светското првенство. Асот на Баерн Минхен постигна „хет-трик“ на натпреварот кој се одигра на „Пјер Мороа“ во Лил и најави дека е во оптимална форма пред Мундијалот. 

Олисе го отвори резултатот пред полувремето со тол за 1-0 во 43. минута. Веднаш на стартот на вториот дел налета на лошо одбиена топка и ја испрати вторпат во мрежата. Најубав од трите гола му беше последниот, бидејќи Олисе од десната страна проби кон средината и погоди во спротивната мала мрежа. Претходно Северна Ирска намали на 2-1 преку Кели, ама немаше сили за подвиг.

Репрезентацијата на Холандија со 2-1 слави против Узбекистан по огромна драма. Пресметката во Њујорк тргна со гол на Коди Гакпо од 11 метри во 32. минута, а потоа долго мрежите мируваа. Во завршницата Тил доби директен црвен картон и Узбекистанците го казнија тоа со погодокот на Игор Сергеев во 92. минута. 

Сепак, тоа не беше сè бидејќи „лалињата“ добија нов пенал кој пак го реалзиира Гакпо за конечни 2-1.