ВИДЕО: Какво промашување во Струмица – Мирчевски од половина метар промаши празен гол! 

Екипата на Беласица игра одличен фудбал пред својата публика против тимот на Победа, но по првите 45 минути мрежите мируваа на „Младост“. 

На стартот од вториот дел тренерот на Беласица, Ѓоко Хаџиевски се реши во игра да го внесe офанзивецот Мартин Мирчевски, кој пак од својот прв контакт со топката успеа да го промаши невозможното. По една мешаница пред голот на Победа, топката среќно стигна до Мирчевски, а овој како да не очекуваше ваква прилика и од половина метар не успеа да погоди празен гол. 

  • Погледнете ја шансата на Мирчевски против Победа:

Само неколку минути подоцна Победа го казниова промашување и со голот на Французинот Макота поведе со 0-1.  

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15