• Иван Димовски
Вистински хаос се случи на натпреварот на Сантос, каде што Нејмар по судиска грешка остана без можност да се врати во игра.
Бразилецот добиваше медицинска помош покрај аут линијата, а во тој момент четвртиот судија по грешка сигнализирал дека токму тој е заменет. Робињо Жуниор влезе во игра, а кога Нејмар се обиде да се врати на теренот, судиите му соопштиле дека измената веќе е извршена.
Нејмар бесно го покажа картонот за измена кон камерите, бидејќи на него стоело името на друг фудбалер, а не неговото.
Сето ова се случи на неговиот последен натпревар пред Карло Анчелоти да го објави списокот за Светското првенство.


