ВИДЕО: Какво ГОЛЧИШТЕ – Кинтеро уште еднаш докажа дека има СТРАШНА левица! 

По кој знае кој пат, Хуан Фернандо Кинтеро ја одушевува фудбалската јавност со ретко виден гол. Искусниот колумбијски репрезентативец, кој беше човек на одлука во големото финале против Бока во Копа Либертадорес, синоќа уште еднаш докажа дека располага со страшна левица. 

Јужноамериканскиот шампион Ривер Плата со сигурни 2-0 го доби дербито против Расинг, а „Монументал“ експлодира во 31. минута, кога Кинтеро го отвори резултатот по неверојатен слободен удар од преку 30 метри. 

Погледнете и уживајте во мајсторијата на офанзивецот на Ривер Плата: