• Горан Упале

Фудбалерите на Бешикташ извојуваа голема победа во седмото коло на Лига Европа, откако во единствениот денешен натпревар во ова натпреварување со 4-1 го совладаа фаворизираниот Атлетик Билбао.
- Извештај од натпреварот:
Поранешниот менаџер на Молде и Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по повеќе од три години се врати на клупата на еден тим и во своето тренерско деби во Бешикташ му го нанесе првиот пораз на баскискиот тим во Европа оваа сезона.
Се играше 17. минута кога вечерва расположениот Милот Рашица ги доведе „орлите“ во водство по асистенцијата на Рафа Силва. Сепак, Унаи Гомез го израмни резултатот во 45. минута. Рашица уште еднаш беше кобен за Атлетико, овојпат во 60. минута кога одлично реагираше на втората асистенција на Португалецот Силва и му донесе нова предност на Бешикташ (2-1).
Рафа Силва, по двете асистенции, во 77. минута се запиша во листата на стрелците, а конечниот резултат го постави Жоао Марио од пенал во втората минута од судиското надополнување.
По вечерашната победа, Бешикташ е осумнаесетти на табелата во Лига Европа со девет бода, додека Атлетик Билбао е второпласиран со 16 бода.