ВИДЕО: Какво деби на големиот Алвес – со гол-првенец му донесе победа на Сао Паоло! 

Еден од најдобрите десни бекови во модерниот фудбал, Дани Алвес на незаборавен начин ја започна својата ера во бразилскиот гигант, Сао Паоло. 

Искусниот капитен на „кариоките“ блесна уште на првиот дуел на тимот, откако со својот гол-првенец донесе минимална победа за својот тим на дуелот со Кеара. Поранешниот ас на Барса, ПСЖ, Јуве... повторно ги покажа своите офанзивни способности и на рутински начин ја круниса одличната акција на своите соиграчи, за конечни 1-0 за Сао Паоло. 

Деби-голот на Дани Алвес за Сао Паоло: 

По 14 одиграни кола во првата бразилска лига, Сао Паоло е на петтата позиција со 27 бода, пет помалку од лидерот Сантос.