ВИДЕО: Какви два пенали во Магдебург, ова светот не го гледа секој ден!

Неверојатни сцени ни доаѓаат од втората германски Бундеслига. На натпреварот меѓу Магдебург и Гројтер Фирт беа досудени два бизарни пенали какви што скоро никогаш не се гледаат на фудбалските терени. 

Во двата случаи фудбалерите играа со рака во својот шеснаесетник, но на многу специфичен, наивен и бизарен начин. Натпреварот заврши без победник (2-2), а дел од присутните останаа во неверување од овие потези кои обично не ги прават ниту во аматерските кругови. 

Конечните 2-2 ги постави Германецот Ноел Футкеу во 75. минута, но овој меч најверојатно нема да се памети само по резултатот.