ВИДЕО: Каква судиска кражба! Топката повеќе од пола метар во гол, но...

Екипата на Славија Прага славеше голема победа во градското дерби против Спарта (2-0), но по мечот сите зборуваат за големата судиска кражба, која се случи во првото полувреме.

Имено, Славија при резултат од 0-0 постигна регуларен гол, откако топката повеќе од половина метар ја мина гол-линијата, но најверојатно тоа не беше доволно за судиите кои не досудија гол и го прекинаа големото славје на домашните фудбалери и фанови.

Сепак, правдата пристигна во вториот дел, кога Славија со головите на Шкода и Хушбеур стигна до голема победа од 2-0 во ова градско дерби.