• Мартин Танасковски

Италијанскиот прволигаш Рома ја извојува петтата најголема победа во историјата откако на домашен терен го демолира Емполи (7-0) и така го забележа првиот триумф во Серија А оваа сезона, по една нерешена и два порази.
- Извештај од натпреварот:
Тимот на Жозе Мурињо играше фантастично на офанзивен план и го уништи противникот. Ова е највисоката победа на Рома во последните осумнаесет години, последен пат тимот даде седум гола без да прими погодок кога во 2006 година ја разнесе Катанија.
Уште по воведните минути беше јасно дека Емполи го чека катастрофа, затоа што Дибала и Санчез по осум минути донесоа 2-0 за домашниот тим, а во 35. минута на „Олимпико“ падна и автогол кој беше дело на Граси. Во вториот дел, Дибала зголеми на 4-0, а Кристанте, Лукаку и Манчини ги поставија конечните 7-0.
Во следното коло Рома гостува кај Торино, додека фенерџијата Емполи кој уште го чека својот прв гол сезонава е домаќин на перфектниот Интер.