• Горан Упале

Екипата на Аберин, каде со големи успеси настапува нашиот напаѓач Бојан Миовски не успеа за само три дена да им откине планирани бодови на уште еден шкотски гигант.
По ремито со Селтик во претходното коло (1-1), во кое бод донесе токму македонскиот ас, вечерва Абердин беше немоќен на „Ајброкс“ и забележа минимален пораз од 2-1. „Полицајците“ потешко од очекуваното стигнаа до посакуваните три бода, бидејќи наидоа на расположен и цврст противник, кој во своите редови го има немилосрдниот Бојан Миовски.
- Извештај од натпреварот:
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Миовски ги „делка“ гигантите – со супер-гол го замолкна „Ајброкс“!
Македонецот вечерва одново се запиша во листата на стрелците, откако во финишот од првиот дел по една долга топка прво му побегна на директниот чувар, а потоа одлично се загради и со прецизен удар ја погоди целта за тогашни 1-1. Во вториот дел Ренџерс притисна со сите сили и Кентвил во 72. минута го совлада гостинскиот голман и донесе важни три бода за својот тим.
Но, малку фалеше „Ајброкс“ да тагува, затоа што во 90. минута, токму Миовски се најде во позиција за нов погодок, но овој пат не успеа да го совлада искусниот Батланд, откако неговиот удар беше блокиран.
- Шансата на Бојан Миовски против Глазгов Ренџерс:
Миовски со 13. гола е најдобар стрелец на Абердин оваа сезона, и е на второто место во шкотскиот шампионат. Повеќе голови од него има само Шанкленд од Хартс кој има 16.