ВИДЕО: Каква рапсодија на Комо, им даде ШЕСТ гола на „биковите“ од Торино!

Нема шега со Комо на тренерот Сеск Фабрегас. Калчолигашот од северот на Италија извојува нова убедлива победа, а овој пат „жртва“ беше Торино, кој загуби со огромни 6-0 (2-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот од 22. коло на Серија А донесе вистинска рапсодија од голови во гостинската мрежа, а домашните навивачи имаа многу причини за радост. Резултатот го отвори Анастасиос Дувикас во осмата минута, а набргу потоа стрелаше и Хрватот Мартин Батурина. 

Двојната предност од паузата се преточи во целосно „дробење“ на противникот во второто полувреме. Комо немаше милост за „биковите“ и продолжи со канонадата. Дувикас вторпат се запиша во листата на стрелците, а потоа му се придружија уште Да Куња, Германецот Николас Кун и Французинот Макенс Какере. 

Последните 15 минути претставуваа чиста рутина за Комо, кој повеќе од заслужено стигна до единаесеттиот сезонски триумф, со кој стаса до вкупно 40 бодови, само два помалку од четвртопласираната Рома