ВИДЕО: Каква МАЈСТОРИЈА на Мане – со пета од 11 метри го посрамоти Вотфорд! 

Екипата на Ливерпул запиша нова победа во Премиер лигата на домашен терен против Вотфорд со убедливи 5-0.

Најзаслужен за тоа беше одличниот Садио Мане, кој ги постигна првите два гола на „црвените“. Особено спектакуларен беше вториот, откако со пета од 11 метри го посрамоти Бен Фостер и на еден начин го отпиша противникот од борбата за бодови. 

Погледнете ја мајсторијата на Сенегалецот кој сигурно ќе биде во изборот на гол на колото во Премиер лигата: