ФОТО: Каква листа - погледнете ги ѕвездите чии договори истекуваат летово

Секое лето и зима бројни фудбалери остануваат без договори со своите клубови. Сепак, се чини дека ова лето што претстои оваа листа ќе биде силна како никогаш досега. 

Лионел Меси е првото и најзвучно име на неа, кој по сè изгледа нема да остане во Барселона. Сепак, не смее да се потцени ниту истекот на договорите на Серхио Рамос и Давид Алаба кои се на излезните врати од Реал и Баерн, а договорот му истекува и на Џиџо Донарума. За него сепак се верува дека нема да замине од Милан и ќе стави потпис на договорот. 

Меѓу играчите чии соработки истекуваат ова лето се и ѕвездите над 30 години како Серхио Агуеро, Месут Озил, Оливие Жиру, Жером Боатенг, Анхел Ди Марија... Тука се и Мемфис Депај кој е на висока цена, но и Хакан Чалханоглу, Џини Вајналдум, Михтаријан, Мустафи, Дракслер, Гарсија, Тован, Еванс, Лингард, Милик. 

Иако голем број од овие играчи може да останат во своите клубови и да добијат нови договори, сепак листата е навистина импресивна. Веќе со почетокот на новата година од први јануари, другите клубови ќе смеат директно да преговараат со играчите чии договори истекуваат во јуни и можат да потпишат преддоговори.