Каква конфузија: Де Вриј му пречеше на Хандановиќ и си даде автогол со Наполи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи имаат предност на полувремето против Интер во рамките на 31. коло од Серија А

Иако гостите од Милано беа поконкретни, имаа неколку одлични шанси и добри ги бранеа нападите на Наполи, „партенопеите“ успеаја да поведат. По една конфузија во одбраната на Интер, Инсиње уфрли на петерецот, една навидум лесна топка. Сепак, стоперот Де Вриј му пречеше на Хандановиќ, кој ја испушти топката и си даде автогол. 

  • Автоголот на Интер во Неапол:

„Нераѕурите“ дефинитивно имаат за што да жалат, Лукаку ја затресе пречката, но Интер имаше и уште неколку шанси кои не ги реализира.