ВИДЕО: Каква грешка на Фабиански, среќникот Салах израмнува против Вест Хем

Иако се чинеше дека конечно ќе дојде крајот серијата без пораз на Ливерпул, сепак голманот на Вест Хем, Фабиански подари гол кој го враќа лидерот во игра на дербито со Вест Хем (2-2).

Форналд само што влезе во игра го шокираше „Енфилд Роуд“ и погоди за водство на „чеканите“ од 1-2, но еден од најискусните фудбалери на Дејвид Мојс, Лукаш Фабиански во клучните моменти направи катастрофална грешка и по млакиот удар на Салах реагираше лошо и дозволи топката да помине меѓу неговите раце за израмнување на „црвените“ на 2-2.

  • Големата грешка на Фабиански против Ливерпул:

Инаку, полскиот чувар на мрежата пред големиот кикс беше најзаслужниот „чекан“ што Ливерпул многу порано не постигна втор гол на дербито.