ВИДЕО: Каква глупост на Стракоша – наместо рутинска интервенција, се избламира!

Екипата на Лацио загуби на гостувањето во Истанбул од Галатасарај, минимално со 1-0 во рамките на првото коло во Лигата на Европа. 

Единствениот гол на натпреварот, кој беше и решавачки беше неверојатен кикс на голманот Томас Стракоша. Лацари се обиде да расчисти по едно уфрлување, топката летна високо над пречката и паѓаше за лесна интервенција на голманот. Сепак, Стракоша наместо рутински да ја фати, доживеја бламажа испуштајќи ја во мрежата за 1-0. 

  • Голот на Галатасарај против Лацио:  
  • Киксот на Стракоша од подобар агол:

По примениот гол и бламажата на Стракоша, Лацио не успеа да се врати до крајот и загуби во Турција.