ВИДЕО: Каква глупост на Агуеро – ја прегрна судијката и ризикуваше исклучување!

Манчестер Сити им се врати на победите во Премиер лигата, откако во вчерашното дерби со Арсенал извојува минимална победа од 1-0. 

Но, настаните на натпреварот може многу лесно да се променат, доколку првиот напаѓач на „граѓаните“ Серхио Агуеро ја добиеше заслужената казна од главниот судија. Имено, аргентинскиот ас по една спорна ситуација крај аут линијата се осмели да ја прегрне судијката Шон Елис, но иако многумина сметаа дека требаше да добие исклучување за ваквиот потег, сепак неговиот гест не беше санкциониран. 

  • Неочекуваниот потег на Агуеро: 

Инаку, Агуеро синоќа го одигра првиот натпревар оваа сезона, откако поради повреда го пропушти стартот на сезоната во Премер лигата.