ВИДЕО: Каква генијалност на Рашфорд – трипати излажа ист фудбалер, па заби во голот!

Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа во новата сезона на Премиер лигата, откако на гостувањето кај Брајтон славеше со минимални 2-3, со гол постигнат по последниот судиски свиреж.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Судија отсуди крај, па се предомисли и им даде пенал за победа на „ѓаволите“

И покрај трите гола „ѓаволите“ на Оле Гунар Солскјер одиграа далеку под своите можности и очекувања, а единствен светол момент на мечот беше неверојатниот погодок на Рашфорд на стартот од вториот дел. 

Англискиот репрезентативец доби фантастична топка во празно од Бруно Фернандеш, но она што му го направи на домашниот дефанзивец Вајт уште долго ќе се прераскажува. Откако ја прими топката, тргна кон голот и трипати во низа си поигра со Вајт и ја „закова“ топката во домашната мрежа.

  • Голот на Рашфорд против Брајтон:

Инаку, дека среќата денес му го сврте грбот на Брајтон говори фактот што домашните фудбалери дури пет пати ја погодија рамката од голот на Де Хеа, а на почетокот на вториот дел ВАР им поништи пенал.