• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Аргентина славеше со 3-0 (1-0) против Венецуела во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство.
- Аргентина - Венецуела 3-0:
Овој натпревар на „Монументал“ беше посебен и подреден на еден од најдобрите на сите времиња - Лионел Меси. Причината е јасна, големи се шансите големиот шампион да играше последен пат на официјален натпревар пред аргентинската публика. Поради тоа, сè беше подредено на Меси, а интонирањето на химната беше емотивно и ретко видено со многу емоции и меѓу фудбалерите.
- Интонацијата на химната во Буенос Аирес:
Што се однесува до фудбалскиот фактор, Меси може мирно и утре да замине во пензија бидејќи ги даде првиот и третиот гол за својата селекција и имаше перфектно простување. Освен него стрелец беше и Лаутаро Мартинез.
Без проблем до победа стигна и Бразил кој го доби Чиле исто така со 3-0. Во првиот дел резултатот го отвори Естевао, а потоа погодуваа Лукас Пакета и Бруно Гимараеш.
- Бразил - Чиле 3-0:
Сите победи во јужноамериканските квалификации за Мундијалот беа идентични, па така Уругвај го доби Перу (3-0), а Колумбија слави со Боливија (3-0). Единствено без голови одиграа Парагвај и Еквадор (0-0).







