Каква чест: Чаби Алонсо добива улица во Леверкузен

Баер Леверкузен и Чаби Алонсо веќе неколку дена се главна тема кај фудбалската јавност. Тимот од Леверкузен за првпат во историјата стана шампион во Бундеслигата, а по тој повод навивачите на клубот започнаа иницијативата, а градските властки размислуваат за административните услови.

Имено, „Шпигел“ ја откри намерата на градските власти во Леверкузен да преименуваат една од улиците во чест на Чаби Алонсо, творецот на најголемиот успех во историјата на Баер Леверкузен. „Aпотекари“ минатиот викенд на домашен терен го победија Вердер со 5-0 и математички ја обезбедија титулата, на дури пет кола пред крајот на Бундеслигата. Шпанскиот стручњак е најзаслужен и за пласман во финалето на Купот на Германија и во четвртфиналето на Лига Европа.

И уште нешто: членовите на градскиот совет ден по освојувањето на титулата најавија дека сакаат да доделат почесни државјанства на играчите, членовите на стручниот штаб, раководството и персоналот на клубот.

Навивачите на Баер отидоа чекор подалеку и самоиницијативно една од улиците што водат до „Бај Арена“ ја нарекоа „Улица Чаби Алонсо“. Желбата на навивачите наскоро би можела да стане реалност, градот Леверкузен ги испитува административните услови неопходни за една од улиците официјално да го носи името „Улицата Чаби Алонсо“.