ВИДЕО: Каква асистенција на Салах против Сити, Гакпо ова не можеше да го промаши 

Екипата на Ливерпул фуриозно го започна дербито со Манчестер Сити и поведе по само единаесет минути игра, а одново најголем „виновник“ за тоа е Мохамед Салах.

Најдобриот фудбалер на „црвените“ во последната деценија испрати неверојатно точна асистенција до Коди Гакпо, кој ваков „подарок“ не можеше да не го круниса со погодок и донесе огромна радост на „Енфилд Роуд“.

  • Голот на Коди Гакпо за водство на Ливерпул против Манчестер Сити:

Салах и оваа сезона игра во врвна форма во дресот на „црвените“, но фановите стравуваат дека египетскиот ас најверојатно го игра последната сезона во Ливерпул, затоа што раководството на клубот сè уште нема испратено понуда за продолжување на соработката. 

Состави

Арне Слот

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1